Македонија Полицискиот синдикат бара заштитни маски и ракавици за сите вработени

Полицискиот синдикат бара заштитни маски и ракавици за сите вработени

Со наслов, „Кој ќе ги чува чуварите?“, Македонскиот полициски синдикат испрати  соопштение преку кое реагира и бара одо надлежните во Министерството за внатрешни работи, да им се обезбедат на вработените заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција.

„Како репрезентативен Синдикат со над 8.500 членови, од кои над 8.000 се припадници на МВР, бараме од раководството веднаш преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во МВР во кои вработените при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да достави заштитни маски, гумени ракавици и средства за дезинфекција. а успешно да ги извршуваме нашите работни задачи потребно е да имаме минимум средства и опрема за заштита. МВР во текот на вчерашниот ден соопшти дека вработените на терен имаат заштитни маски, гумени ракавици и средства за дезинфекција, но информациите кои ги добиваме од колегите, кажуваат дека теренот не е ниту 40 отсто покриен со истите“, стои во соопштението на полицискиот Синдикат.