Македонија Истражна постапка за струмичанка: Jа малтретирала 4-годишната ќерка и ја терала да...

Истражна постапка за струмичанка: Jа малтретирала 4-годишната ќерка и ја терала да питачи

Девојчето е во тешка здравствена состојба - на 17 јануари било примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје

Фото: Nicolas Armer/dpa

Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривичното дело Запуштање и малтретирање на дете.

Осомничената грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување кон својата четиригодишна ќерка. Таа го запуштила своето дете и дозволила ќерката да се оддаде на питачење. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето. Тоа е во тешка здравствена состојба – на 17 јануари било примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува наодот од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.