Фондацијата Метаморфозис заедно со ISC Project овој месец организираат два вебинари кои опфаќаат теми за кои сметаме дека се од исклучително значење на невладините организации кои имаат медиумски проекти како и на самите медиуми, а се од доменот на дигитална безбедност.
Деталите за вебинарите може да ги погледнете подоле. Доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот линк*: https://forms.gle/Es9GAjrcPQJFH5rC9
*Податоците се прибираат само за вебинарите и нема да бидат искористени во маркетиншки или други цели. Податоците ќе бидат избришани по одржување на вебинарите.
Заштита на приватноста и медиумите / 06.08. (четврток) / 13:30ч / Времетраење 45мин – 1час
Ќе биде опфатен стандардот GDPR (General Data Protection Regulation) и новиот Закон за заштита на личните податоци. обврските и можните казни кои произлегуваат од него а се посебно важни за медиумите но и за граѓаните. Вебинарот ќе се осврне и на прашањето за воспоставување на баланс помеѓу приватниот и јавниот интерес како клучен механизам за почитување на приватноста на лицата за кои се известува во медиумите.
Предавач е Елена Стојановска
Управување со cybersecurity инциденти – Бидејќи инцидентите не се решаваат сами! / 12.08 (среда) / 13:30ч / Времетраење 45мин – 1час
Во време во кое буквално секоја седмица слушаме за нов несакан настан од доменот на cybersecurity организациите треба да се подготвуваат за соодветна реакција. Работилницата ќе има интерактивен формат – слушателите се учесници во инцидентот и ќе треба да се справат со настанот!
Предавач е Божидар Спировски
Основач и ментор на BeyondMachines програмата за менторство на млади инженери.
Учесник на повеќе регионални конференции како гостин предавач (INFOSEK Slovenia, Microsoft Vizija и други). Иницијатор и еден од организаторите на cybersecurity настанот и предизвик Swiss Chese 2019. Во периодот од 2008 до 2012 го води блогот “Information Security Short Тakes”.