Свет Европа Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио.

Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне.

Полицијата ги ликвидира терористите во Камбрилс, кои повредија петмина граѓани и еден полицаец.