Култура Поезија од Стрезовски и од Китаноски објавена во романското списание „Хелис“

Поезија од Стрезовски и од Китаноски објавена во романското списание „Хелис“

Во најновиот број на романското списание „Хелис“ (септември-октомври), печатено и електронско издание, објавен е избор од поетското творештво на македонските поети Јован Стрезовски и Мишо Китаноски.

Изборот и препевот го направи македонскиот писател Димо Димчев, а стилизацијата на стиховите е на угледниот романски писател Георге Добре, кој е главен и одговорен уредник на „Хелис“.