Култура Поезија на македонски автори објавена во Полска

Поезија на македонски автори објавена во Полска

Најновиот број на полското списание за уметност „Нестор“, кое излегува во Краснистав (војводство Лублин) во печатена и во електронска верзија, во првиот број за 2015 година, покрај прилозите од културната историја на Полска, донесува и поезија на 12 автори од шест балкански земји.

Македонската поезија е претставена преку одбрани песни од Петко Шипинкаровски и од Тоде Илиевски.

Списанието „Нестор“ го уредува Анжеј Мишура, додека автор на препевите од македонски на полски јазик е писателката Олга Лалиќ-Кровицка.