Економија Поевтинување на разговорите во роаминг за 73 проценти од 30 јуни

Поевтинување на разговорите во роаминг за 73 проценти од 30 јуни

Македонските државјани што ќе патуваат во Србија, БИХ и во Црна Гора, за една минута разговор ќе плаќаат 17,9 денари во роаминг. Поевтинувањето на разговорите за 73 проценти ќе почне да важи од 30 јуни.

– Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30 следниот месец, меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени во роаминг – изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Цената на мобилниот интернeт во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС-пораките кон овие земји, од 12,3 денари на 5,6 денари за една порака.

Македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК) е домаќин на тридневната Меѓународна регулаторна конференција.