Македонија Почуствуван земјотрес во Источна Македонија

Почуствуван земјотрес во Источна Македонија

По четирите земјотреси кои вчера вечер го потресоа југозападниот дел на Македонија, во текот на ноќта биле регистрирани уште неколку послаби земјотреси во земјава и регионот, пренесува „Телма“.

По полноќ потрес бил регистриран во близина на Ресен и кај кичевското село Другово. Денеска претпладне земјорес бил почуствуван во Источна Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од Пехчево, во близина на градот Сандански во Бугарија. Потресот бил почуствуван и во Делчево.