Македонија Регистриран трет земјотрес во Македонија

Регистриран трет земјотрес во Македонија

По претходните два земјотреса попладнево, во 19.16 часот регистриран е уште еден потрес со интензитет од 4,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот е на 9 километри југозападно од селото Слепче, Демирхисарско.

Претходните два земјотреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала беа реагистрирани во 18.33 и 18.41 часот, со епицентар во Вранешница, Кичевско, на 85 километри југозападно од Скопје.

Земјотресите се почуствувани во Кичево, Битола, Скопје, Охрид и во соседна Албанија.

Потресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, но нема официјални информации за евентуални штети.