Свет Балкан Почнува Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Почнува Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Во Истанбул денеска почнува првиот дводневен Светски хуманитарен самит, на кој учествуваат шефови на држави и влади, раководни лица на хуманитарни, меѓународни и цивилни организации, како и припадници од приватниот сектор на заедниците кои се зафатени со кризата.

Самитот, кој е во организација на Обединетите нации, има за цел да инспирира и да ја оживее посветеноста на хуманоста и универзалните хуманитарни принципи, како и презимање серија конкретни акции и обврски за земјите и заедниците за да бидат што поподготвени за кризата и отпорни на шокови.

Исто така, цел е да се размени најдобрата пракса која ќе им помогне во спасување човечки животи ширум светот, да ги стави погодените во центарот на фокусот на хуманитарните акции и да ги ублажи заканите.

На Самит, во Истанбул меѓу претставниците на шефови на држави и влади од педесетина земји, е и претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти“.