Македонија Почнува судењето за двојното убиство во „Император“

Почнува судењето за двојното убиство во „Император“

Денеска во Основниот суд во Охрид, треба да почне судскиот процес за двојното убиство од август минатата година, кога беа убиени сопственикот на мотелот „Император“,  Васил Р. (56),  и уште еден охриѓанец, Ромео Ѓ. (38).

Б.П. (31) Од Охрид, кој е осомничен за двојното убиство, веднаш по настанот се даде во бегство поради што за него беше распишана меѓународна потерница. По неколку месеци беше фатен од албанската полиција и екстрадиран во Македонија.

Двојното убиство се случи во угостителскиот објект „Император“, на улицата 15. Корпус во Охрид.