Македонија Почнат е процесот на прифаќање на извештајот за напредокот на Македонија

Почнат е процесот на прифаќање на извештајот за напредокот на Македонија

Процесот за затворање на извештајот за напредокот на земјите од Балканот е почнат, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас.

– Внатрешниот процес за прифаќање на извештаите е почнат. Не сум во позиција да го соопштам точниот датум, но можам да кажам дека процесот е веќе почнат – рече Схинас.

Според првичните неофицијални информации, извештаите требаше да бидат објавени неделава, по завршувањето на изборите во Турција, но нивното објавување повторно е одложено.