Македонија Почна учебната година за 275.000 основци и средношколци

Почна учебната година за 275.000 основци и средношколци

Во основните училишта денеска првпат во училишните клупи ќе седнат околу 20.000 првачиња, а првиот ден по летниот распуст почна и за 190.000 основци и за 85.000 средношколци во 337 основни и во 105 средни училишта во земјава.

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, првачињата придружувани од своите родители беа пречекани во школскиот хол од директорката на училиштето, наставниците, преставници од Општина Центар, како и од нивните постари соученици.

Училиштето, како добредојде за новите ученици, подготви приредба, а на свеченоста се обрати и дректорката на училиштето, Мирјана Велкоска.

– Од денеска за вас почнува една животна бајка чија прва страница ја испишуваме и сакаме да ја збогатиме со заеднички впечатоци. Општина Центар ќе го одбележи овој ден со подароци, кои ќе им бидат поделени на првачињата по приредбата која за нив ја подготвија постарите ученици. Ви посакувам успех и сè најубаво – рече директорката Велкоска.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во 10 часот ќе присуствува на почнувањето на учебната година во Основното училиште „Пашко Васа“ во село Групчин, општина Желино.