Галерија Почна протестот против загадувањето на воздухот пред Влада

Почна протестот против загадувањето на воздухот пред Влада

Неколку стотици граѓани денеска се собраа пред Владата за да го искажат својот револт поради загадувањето на воздухот.

Граѓаните, кои сè уште пристигнуваат, со себе носат транспаренти на кои пишува „Децата треба да дишат чист воздух“, „Ни го земавте здивот“ и „Имате ли план“.

Протестот е поддржан од дваесетина еколошки здруженија и иницијативи од Скопје, Тетово, Битола и од Велес, каде загадувањето на воздухот е најалармантно.

Се очекува на протестот еколошките здруженија да ги презентираат своите предлози за намалување на загадувањето.