Технологија Гаџети Почна продажбата на првиот паметен телефон „вајо“

Почна продажбата на првиот паметен телефон „вајо“

Корпорација „Вајо“ (Vaio) на пазарот го претстави својот прв паметен телефон „вајо фон“ (Vaio Phone).

Новиот уред, поседува процесор квад-кор на 1,2 гигахерци, работна меморија од два гигабајти, петинчен екран со резолуција од 720p и оперативен систем „андроид лолипоп“.

Дебелината на паметниот телефон изнесува 7,95 милиметри, поседува задна камера од 13 и предна од 5 мегапиксели, како и батерија од 2.500 милиампери-часови. Уредот, кој поддржува и 4G мрежа ќе се продава по цена од 390 евра. Засега не се знае дали овој паметен телефон ќе се појави надвор од азискиот пазар.

Ова е прв паметен телефон „вајо“, откако „Џапен индустриал партнерс“ (Japan industrial partners) ја купи „Вајо“ од „Сони“.