Македонија Почна новогодишното украсување на градот

Почна новогодишното украсување на градот

Град Скопје почна со новогодишното украсување на плоштадот и на централното градско подрачје, кое ќе трае до 15 декември. Од Град Скопје информираат дека традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка, висока 18 метри, со светлосни и со други украсни елементи. Новогодишните декорации ќе ги постават фирмите „Линк медиа“ од Скопје и „Лутарико“ ДООЕЛ – Скопје, за што градот ќе издвои 10.400.000 денари.