Главна секција Почна новата средба на работните групи за Договорот од Пржино

Почна новата средба на работните групи за Договорот од Пржино

Почна средбата на работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино.

Тимот на СДСМ денеска го сочинуваат Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, додека претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходните средби, се Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА – Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси.

На средбата присуствуваат и претставници на ОБСЕ и на мисијата на Европската унија во Македонија.

Се очекува денеска да почне работниот дел за реализирање на Договорот и посериозно разгледување на предложените мерки за измена на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и изборниот процес за изборите закажани за април 2016 година.