Свет Почна акција за протерување на ИД од Анбар

Почна акција за протерување на ИД од Анбар

Ирачката државна телевизија објави дека почнале операциите кои треба да ги избркаат милитантите на Исламска држава од провинцијата Анбар, каде групата претходниот месец го презеде главниот град Рамади.

Телевизијата соопшти дека ирачката армија е потпомогната од шиитските и од сунитските паравоени сили.

Почетокот на акција доаѓа еден ден по повиците на американскиот заменик-претседател Џо Бајден и на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади. Бајден ја изрази американската поддршка за „големата пожртвуваност и храброст на ирачките сили“.

Претходно, американскиот секретар за одбрана, Еш Картер, ги обвини ирачките сили дека не покажале доволно волја да се борат за одбрана на Рамади.