Македонија Почина шеесет и шестгодишна жена по удар од багер во центарот на...

Почина шеесет и шестгодишна жена по удар од багер во центарот на Скопје

Oд полицијата потврдија дека возачот е приведен и со него бил извршен разговор, по што ќе се знае причината како дошло до несреќата

Фото: Мета.мк

Несреќа се случи утрово во центарот на главниот град, откако градежна машина – багер удрила во 66-годишна жена. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), жената починала на местото на несреќата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Случајот бил пријавен утрово околу 11 часот, а несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“. Работното возило – багерот го управувал 42-годишниот И.А. од скопското село Грчец.

Од полицијата потврдија дека возачот е приведен и со него бил извршен разговор, по што ќе се знае причината како дошло до несреќата.

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје извршиле увид на местото каде се случил настанот.