Македонија Почина новинарот Драги Јанковски

Почина новинарот Драги Јанковски

Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“

Во несреќен случај, животот го загуби поранешниот новинар на весникот „Дневник“, Драги Јанковски (1975-2014). Несреќата се случила во Лондон, каде што тој живееше последните неколку години.

Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“, а колегите со кои соработуваше имаат само убави зборови за момчето кое беше многу посветено на професијата.

Колегите од „Дневник“ за Јанковски велат: Никој од нас не може да се сети кога си го зголемил тонот. Не паметиме ниеден конфликт со тебе. На критиката одговараше со насмевка. Твојата учтивост беше магија со која ја освои нашата наклонетост. Правеше добри дела со двете раце, а од устата ти течеа убави зборови. Сигурни сме дека сега застана пред вратата од рајот“.