Главна секција Почина Горан Стефановски

Почина Горан Стефановски

Во Велика Британија синоќа ненадејно, на 66 годишна возраст, почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.

Тој беше универзитетски професор и еден од најплодните драмски автори во македонската историја, автор на познатите драми „Диво месо“, „Лет во место“, Дупло дно“ и „Тетовирани души“. Беше и еден од креаторите на детската ТВ серија „Бушава азбука“ која се емитуваше на Македонската радио телевизија. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“,  на „Војдан Чернодрински“ (шестпати) и на „Стериина награда” (двапати).