Свет Европа Почина еден од повредените во нападот во Ница

Почина еден од повредените во нападот во Ница

Почина еден од повредените во минатомесечниот терористички напад во Ница, кога радикален исламист со камион влета на шеталиштето во градот за време на прославата на Денот на падот на Бастиља. Со тоа последниот биланс на загинатите се искачи на 85 лица.

Медиумите јавуваат дека починал Пјер Атерман, чија сопруга Франсоаз и синот загинаа во нападот, додека неговата ќерка сè уште се наоѓа во болница.

Тунижанецот Мохамед Булел на 14 јули влета со камион толпата, а по извозени два километри полицијата го уби. Одговорност за нападот ја презеде ИД.