Македонија Почина доајенот на македонското новинарство Борис Поп-Ѓорчев

Почина доајенот на македонското новинарство Борис Поп-Ѓорчев

По краткотрајно боледување, на 83 години, денеска почина доајенот на македонското новинарство Борис Поп-Ѓорчев

Борис Поп-Ѓорчев е роден во Велес на 22 јули 1933 година. Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот „Нова Македонија“, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено повеќе од 22.000 текстови како уредник и коментатор во „Нова Македонија“, во внатрешно-политичка рубрика, во надворешно-политичка рубрика и како постојан дописник од Москва (од 1975 до 1979 година).

Одликуван е со Орден на трудот со златен венец (1980 година), а добитник е на високата државна награда „11 Октомври“ (2003 година), „Мито Хаџивасилев Јасмин“ (1984 година), „Крсте Мисирков“ (1989 година), „13 Ноември“ (2008 и 2010 година), „Гемиџиите“ ( 2009 година ); „Св. Климент Охридски“ (2006 година) и други.

Погребот ќе биде одржан на 27 јануари 2016 година (среда) на гробиштата Бутел во Скопје.