Македонија Почина актерот Васил Шишков

Почина актерот Васил Шишков

Вчеравечер во Скопје почина актерот Васил Шишков.

Васил Шишков е роден во 1970 година. Тој беше син на еден од великаните на македонскиот театар, актерот Ристо Шишков.

На македонската театарска сцена Васил Шишков е активен од 1991 година, а има остварено и повеќе улоги во македонски филмови како „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“, „Бумбари“ и други.

Околностите и причините за неговата смрт засега се непознати. Според непотврдени информации, Шишков починал како последица на срцев удар.