Економија Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка.

– Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се позитивни. Податоците за економската активност упатуваат на натамошен пораст на активноста во домашната економија, кој според податоците за бруто-домашниот производ за првиот квартал изнесува 2 проценти. Позитивни остварувања се забележани во речиси сите дејности. Сепак, ова темпо е побавно во однос на досегашното темпо на пораст, но и во однос на последните проекции – се вели во соопштението на Народна банка.