Економија По поплавите, наместо тутун и пченица, се садат пиперки и јачмен

По поплавите, наместо тутун и пченица, се садат пиперки и јачмен

Поради неповолните временски услови, голем број земјоделци се преориентираат од една на друга земјоделска култура, која е доходовна.

Така, дел од кооперантите во тутунската индустрија го напуштиле одгледувањето тутун и почнале со производство на пиперка. Оваа земјоделска култура има добри приноси последните неколку години и е добра суровина за конзервната индустрија, која работи солидно и извозно е ориентирана.

– Ако земјоделците и понатаму имаат проблем со влагата, односно повторно има дождови и поплави, голема е веројатноста и друг дел од кооперантите во тутунската индустрија да се преориентираат кон друга земјоделска култура. Таква тенденција има и кај житните култури. Земјоделците го напуштаат одгледувањето пченица и засадуваат јачмен – вели Васко Ристовски од Стопанската комора.

Изминатите неколку години земјоделците имаа големи проблеми со дождовите и со поплавите кои негативно влијаеја врз одредени земјоделски култури.