Македонија Пленумците на итна средба во кабинетот на Груевски

Пленумците на итна средба во кабинетот на Груевски

Премиерот Никола Груевски ги повикал студентите и професорите на вонредна средба, која почна во 12.30.

Од „Студентски пленум“ велат дека инцијативата на премиерот Груевски им била соопштена на работната група на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, која имаше средба утринава во 9 часот и на која присуствувале преставници од „Студентски пленум“ и од „Професорски пленум“.

– Не е коректно вакви средби да се закажуваат од час во час. Одлучивме на средбата да отидат двајца преставници од „Студентски пленум“, Христијан Давидовиќ и Константин Битраков, и двајца од „Професорски пленум“, меѓу кои и Гордана Силјановска-Давкова. Одлучивме да одиме и да ги соопштиме нашите барања, односно нашите црвени линии, а не да преговараме. Нашиот став е дека бараме итно ставање на мораториум на измените на законот за високо образование сè додека не се донесе нов закон по сеопсежна анализа – вели Дарко Малиновски од „Студентски пленум“.

На средбата кај премиерот, освен пртставници од пленумите, има претставници и од УКИМ, како ректорот, проректори, декани и сенатори.

Од „Студентски пленум“ велат дека без разлика на исходот од средбата со премиерот, тие нема да престанат да дејствуваат сè додека не се исполнат нивните барања.