Македонија Пленумци: Нè има и на Универзитетот „Гоце Делчев“

Пленумци: Нè има и на Универзитетот „Гоце Делчев“

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип им дадоа поддршка на своите колеги од „Студентски пленум“ во окупацијата на факултетите. Штипските студенти попладнево одржуваат координативна средба за следните насоки за дејствување.

Окупација на фукултетите на УГД засега нема, но студентите се огласија со соопштение до јавноста. Во него, тие потврдуваат дека пленумци има и во Штип, но се плашат гласно да го кажат својот став.

„Студентите на УГД имаат страв од тоа дека ако ги има на слика против законските реформи, тие ќе имаат проблеми кај одредени професори на факултет, ќе паднат на испит. Сакаме нашите колеги пленумци да знаат дека ја имаат нашата поддршка уште од самиот почеток (со тоа што протестиравме со нив на мирните протести пред МОН)“.

На испратените фотографии во кадар се студенти чии лица се покриени со транспаренти: „Неразумни реформи, не се реформи“,„Не биди амеба, покажи став“, „Разбуди се! Да не биде доцна“, „Нè има и на УГД“, соопштија студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“.