Македонија Планинарски тури на Шар Планина треба да се пријавуваат во СВР-Тетово

Планинарски тури на Шар Планина треба да се пријавуваат во СВР-Тетово

Сите што организираат планинарски акции на Шар Планина, организирани преку планинарски клуб или индивидуално, акциите треба да ги пријават во СВР – Тетово писмено или усмено.

„При пријавување, пожелно е да посочат односно информираат каде поконкретно ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку евентуално има потреба, да им се помогне. Зашто во одредени ситуации мошне значајна е секоја минута, особено про неповолни временски состојби и на тешко достапни терени, на кои објективно често пати и нема можност за воспоставување телефонски контакт или друга комуникација со изгубените лица“, се вели во соопштението од МВР издадено август, лани, а кое се планинарските клубови го споделуваат како потсетување во ек на зимската сезона на планинарење.