Македонија Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп

Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп

Дваесет и двегодишно момче утринава со камења и со лопата ги искршило речиси сите прозорци од приземјето на општинската зграда во Прилеп, пренесуваат медиумите.

Инцидентот се случил околу 7 часот, кога момчето почнало со камења да го гаѓа објектот, а потоа зело лопата од еден од вработените во Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кој се нашол на местото, и продолжило со неа да ги крши стаклата.

Момчето по кратко време било приведено, а првичните информации велат дека 22-годишникот бил во алкохолизирана состојба.

Мотивите за инцидентот сè уште се непознати.