Хроника Пијан штипјанец ја нападнал сопругата

Пијан штипјанец ја нападнал сопругата

Штипјанка утрово, во локалната полициска станица, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информираат од МВР.

Таа пријавила дека ноќеска, триесетина минути по полноќ, нејзиниот сопруг С.П. (31), без повод и причина, почнал да ја удира по телото и по главата. Жената исплашена побегнала од својот дом, а по пријавата на случајот, била прегледана од лекар кој констатирал телесни повреди.

Нејзиниот сопруг бил приведен и со него бил извршен разговор и алкотестирање, кое покажало дека има 2,87 промили алкохол во крвта.

Од полицијата, по расчстивањето на случајот, најавуваат пријава против штипјанецот.