Хроника Пијан Англичанец со автомобил ја демолирал плажата во Стење

Пијан Англичанец со автомобил ја демолирал плажата во Стење

Пијан Англичанец синоќа лумпувал низ туристичкото место Стење, дознава „Мета“.

Според нашите информации тој пиел во еден од хотелите, а откако сопствениците реагирале поради тоа што веќе бил во алкохолизирана состојба, го напуштил ресторанот.

Влегол во својот автомобил, но наместо по патот слегол на плажата и шеталиштетото. Притоа направил штета на дел од плажата и лежалките. За кратко време дошла полиција од Ресен, го привеле, а му е поднесена и соодветна пријава.