Македонија Петровска: Околу 40 македонски компании веќе можат да учествуваат на НАТО пазарот

Петровска: Околу 40 македонски компании веќе можат да учествуваат на НАТО пазарот

Ако во 2021 година беа само 8 компании, веќе во октомври 2023, тој број е 18 само за една година или вкупно некаде околу 40-тина компании кои го добиле тој НАТО код и може да учествуваат на НАТО пазарот“, рече министерката за одбрана

фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беше во посета на компанијата “ATS Ammunition” во Самоков, дел од групацијата “ATS Group” чија дејност е производство за заштитна и воена опрема и вооружување.

Петровска информираше дека оваа компанија веќе е регистрирана за учество на НАТО пазарот и додаде дека интересот на компаниите за комплетирање на овој процес се зголемува.

„Она што ме радува е дека и останатите компании во Северна Македонија кои се занимаваат со други дејности го зголемуваат интересот за регистрација на НАТО пазарот. Ако во 2021 година беа само 8 компании, веќе во октомври 2023, тој број е 18 само за една година или вкупно некаде околу 40-тина компании кои го добиле тој НАТО код и може да учествуваат на НАТО пазарот“, рече министерката.

Додаде дека Министерството за одбрана и Армијата имаат исклучително позитивна соработка користејќи ги производите кои оваа компанија ги произведува, а ќе соработуваат и во развојот и почетокот за производство на првиот македонски дрон. Петровска потенцираше дека заради потребите кои се наметнуваат, дроновите ќе бидат повеќенаменски, со способност за извидничко разузнавачки мисии, борбени дејствија и за цивилни потреби.