Свет Петнаесет загинати во хеликоптерска несреќа во Сибир

Петнаесет загинати во хеликоптерска несреќа во Сибир

Петнаесет лица загинаа откако хеликоптер со 25 работници утринава се урна на истокот на Сибир.
Руските медиуми јавуваат дека хеликоптерот „ми-8“ полетал од Игарак, во регионот Краснојарск, а се урнал на два километри од брегот на реката Јенисеј.

Како што е наведено, во хеликоптерот се наоѓале работници на нафтеното поле Ванкор, до кое може да се стигне само со хеликоптер или, зиме, преку замрзнатата река.

Истражителите и понатаму се обидуваат да ја утврдат причината за падот на хеликоптерот кој е во сопственост на локална авиокомпанија.