Економија Пет милиони евра за реконструкција на 11 железнички станици

Пет милиони евра за реконструкција на 11 железнички станици

Вкупно 5 милиони евра ќе бидат потрошени за реконструкцијата на вкупно 11 железнички станици, од кои 2,5 милиони евра за железничката станица во Скопје и 2,5 милиони евра за 10 железнички станици од Коридорот 10 и кракот 10Д.

Во завршна фаза се градежните работи на железничката станица во Скопје, која се очекува комплетно да биде завршена во текот на октомври годинава.

Во однос на проектот за реконструкција и за модернизација на десетте железнички станици по Коридорот 10, во моментов, покрај веќе воведените во градба станици во Прилеп и во Велес, почнати се градежните работи и на станиците во Градско и во Демир Капија.