Македонија Пешак згазен на „Партизанска“ во Скопје, возачот побегнал

Пешак згазен на „Партизанска“ во Скопје, возачот побегнал

21-годишниот пешак со тешки телесни повреди е на лекување во скопскиот Клинички центар, а полицијата допрва треба да го најде возачот на автомобилот

Фото: МВР

Во Скопје вчера вечер се случила сообраќајна несреќа, при што возило удрило во пешак, а возачот го напуштил местото на сообраќајната незгода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). 21-годишниот пешак со тешки телесни повреди е на лекување во скопскиот Клинички центар, а полицијата допрва треба да го најде возачот на автомобилот.

„На 17.11.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило удрило во С.П.(21) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во денешниот Билтен на МВР.