Економија Пензионерите денеска зедоа пензија поголема за 621 денар

Пензионерите денеска зедоа пензија поголема за 621 денар

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија.

Денеска, околу 300.000 пензионери зедоа пензии со зголеување од 621 денар, со што просечната пензија ќе достигне 13.085 денари.

Во октомври 2016 година ќе има ново зголемување на пензиите од 650 денари. Законските измени што треба да го овозможат ова зголемување неодамна беа усвоени во Собранието.

Средствата, според министерот Ставрески, се веќе обезбедени со предлог-буџетот за 2016 година.