Економија Пензиите во септември, ќе бидат повисоки за пет проценти

Пензиите во септември, ќе бидат повисоки за пет проценти

Пензиите во септември ќе бидат повисоки за пет проценти, најави премиерот Никола Груевски за време на посетата на охридскиот регион.

Тој посочи дека зголемувањето е предвидено и со буџетот, но не се знае каков ќе биде начинот на зголемување. Ако биде линеарно зголемувањето, тоа би значело дека пензионерите ќе добијат 600 до 630 денари повисока пензија.

– Досега пензиите се зголемени за повеќе од 67 проценти – истакна Груевски.