Главна секција Пендаровски со тесна победа пред Сиљановска – Давкова

Пендаровски со тесна победа пред Сиљановска – Давкова

Според обработените 100 отсто од податоците на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освоил 323.846 гласа или 42,85 проценти од вкупниот број гласови, наспроти 319.240 гласа или 42,24 проценти од гласовите дадени за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска – Давкова.

Пендаровски победил во Куманово, Крива Паланка, Струмица, Берово, Делчево и Дојран како и во Центар и Карпош.

Сиљановска – Давкова најмногу гласови освоила во Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид, Ѓорче Петров, Аеродром, Штип, Пехчево, Прилеп и Гевгелија.

Блерим Река добил 79.915 гласа или 10,57 проценти од гласовите.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера, немало посериозни забелешки ниту од учесниците во кампањата ниту од набљудувачите.