Главна секција Пендаровски: Ќе бараме и нови претседателски избори

Пендаровски: Ќе бараме и нови претседателски избори

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју за „Слободен печат“ тврди дека СДСМ и здружената опозиција се едноставно обврзани да го повикаат претседателот Ѓорѓе Иванов да го врати мандатот затоа што немало да го добие ако била почитувана волјата на граѓаните.

– Досега објавените материјали јасно потврдуваат дека со апсолутно истите методи биле обезбедувани гласовите и за Груевски и за Иванов. Следејќи ја таа логика, СДСМ и здружената опозиција се едноставно обврзани да го повикаат Иванов да го врати мандатот – вели Пендаровски.

Тој не верува дека посредничката улога на Иванов е негов автентичен став.

– Политичката кариера на Иванов ја одбележаа два ноторни факта: прво, неговиот втор мандат, кој е нелегално добиен, и второ, последнава година, заедно со претходните пет, тој воопшто не е присутен во македонската политика. За наводниот предлог за некаква негова посредничка улога во актуелната криза, не верувам дека станува збор за негов автентичен став, а уште помалку за сериозен предлог од кој било домашен или странски политичар што држи до себе – вели во интервјуто Пендаровски.