Галерија Пендаровски ги пречека маратонците во Охрид, победи Алесио Окипинти од Италија со...

Пендаровски ги пречека маратонците во Охрид, победи Алесио Окипинти од Италија со нов рекорд на патеката

Победник на маратонот годинава е Алесио Окипинти од Италија, кој 25 километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон

Италијанецот Алесио Окипинти постави нов рекорд на 25 километарската патека | Фото: Кабинет на претседателот

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги пречека учесниците на 36-от Охридски пливачки маратон, соопшти кабинетот на претседателот.

Победник на маратонот годинава е Алесио Окипинти од Италија, кој 25 километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон.

Во женска категорија победи Каролин Жуис од Франција која од Свети Наум до кејот на Охрид исплива за 5 часа, 5 минути и 59 секунди.

Истакнувајќи дека сите 15 учесници придонесуваат за афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски им упати честитки на пливачите за успешно завршената трка и им посака уште многу успешни пливачки предизвици.

Охридскиот маратон е во организација на Општина Охрид и националната пливачка федерација на Република Северна Македонија. Маратонот и годинава започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши во центарот на Охрид. Пливачката патека „Климе Савин“ е долга 25 километри. Инаку, првиот официјален маратон во Охрид се одржал во 1962-та година на патеката Пештани – Струга – Охрид.