Македонија Пендаровски-Димитров: Да се пополнат приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва

Пендаровски-Димитров: Да се пополнат приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На средбата, меѓудругото се разговарало и за функционалноста на постоечката дипломатска-конзуларна мрежа и за потребата од скорешно пополнување на приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва, со цел непречена реализација на надворешно-политичките приоритети.

„Претседателот Пендаровски и министерот Димитров изразија очекување за валоризација на севкупните напори на земјата од страна на Европскиот совет и одредување на датум за пристапни преговори на Република Северна Македонија со Европската унија“, информираат од Кабинетот на претседателот.