Македонија Пендаровски ќе се сретне со Макрон на 12 ноември

Пендаровски ќе се сретне со Макрон на 12 ноември

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ја потврди средбата која треба да се случи со францускиот претседател Емануел Макрон на 12 ноември.

Претседателот ќе учествува на Парискиот мировен форум, а вчера тој изјави дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво.

Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември, на кој се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.