Дописници Пендароски: Саудиска Арабија може да извезува само нафта и вахабизам

Пендароски: Саудиска Арабија може да извезува само нафта и вахабизам

СДСМ и нејзините коалициски партнери од опозицијата ја проблематизираат посетата на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на Саудиска Арабија, во време кога во Белград се одржуваше Самитот на Централна и на Источна Европа со НР Кина.

Забелешките ги упатија преку нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, кој од партиската трибина на СДСМ во Охрид, го обвини Никола Груевски дека, додека сите премиери трчаа по нивниот кинески колега, македонскиот, како што рече, замина за Саудиска Арабија.

– На последниот Самит пред два дена во Белград на земјите од Централна и од Источна Европа со НР Кина – велесилата во економска смисла, учествуваа 16 премиери. Од сите страни имаше конкретни проекти што сакаат тие да направат со таа велесила, а нашите заминаа по инвестиции во Саудиска Арабија. Саудиска Арабија може да извезува само две работи – нафта и вахабизам – рече Пендаровски.