Дописници Пеликан „го промаши“ Преспанско и „атерираше“ во Охридско Езеро

Пеликан „го промаши“ Преспанско и „атерираше“ во Охридско Езеро

Пеликан „го промаши“ Преспанско и „атерираше“ во Охридско Езеро, е еден од коментарите по социјалните мрежи за најновата атракција на охридското крајбрежје.

Досетливи фотографи-аматери поставуваа фотографии на „Фејсбук“ од птицата што последниве децении првпат се забележува во водите на Охридско Езеро.

Птицата била забележана на потегот од Андон Дуков до Коњско.

Граѓаните претпоставуваат дека пеликанот залутал од Преспанско Езеро и се нашол на плажите на охридското крајбрежје, во друштво на лебедите и на галебите.