Подглавна секција „Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

„Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

Во текстот „Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот“ се пренесува видео кое наводно е од пазарот од каде што почнал да се шири коронавирусот. Истото видеото беше пренесено од поголем дел од македонските медиуми, иако станува збор за лажно видео, пишува „КриТинк“.

Имено, видеото не е од пазар во Вухан, ниту било каде во Кина, туку станува збор за пазар во Индонезија. Кога ќе го пуштите видеото ќе видите со големи букви дека пишува „Pasar Estream Langowan“, па кога ќе прогуглате, ако не знаете каде се наоѓа Лангован, ќе видите дека тоа е во Индонезија, а не во Кина.

Истото видео, доколку го побарате на каналот „Јутјуб“, ќе видите дека е објавено и во декември 2019 година.