Македонија Патот од мотел „Македонија“ до Градско и денеска затворен за сообраќај

Патот од мотел „Македонија“ до Градско и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот на патните правци низ земјава се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.

Дел од автопатот А1 (делницата од мотел „Македонија“ до Градско) ќе биде затворена за сообраќај од 5 до 18 часот, поради снимањето на филмот „А фонд“. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.

Исто така, во периодот од 13 до 15 часот, прекин на сообраќајот од 15 до 20 минути, поради минирање, ќе има на автопатот А2, Кичево – Охрид, на делот меѓу Пресека – село Врбјани.

Од ЕВН најавуваат дека денеска во време од 8.20 до 15.30 часот ќе има кратки вонредни прекини на сообраќајот во тунелот Катланово во времетраење од 30 минути.