Македонија Патот Кичево – Охрид непрооден

Патот Кичево – Охрид непрооден

Поради снежите наноси, сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови. Во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево  -Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје – Велес и Велес – Катланово е отежнат и забавен во долга колона.

Поради големи остатоци од снег, забрана за тешки товарни возила има на патнитe правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато.

Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар, Сарај – Тетово, Тетово – Пирок – Гостивар, Теарце – Јегуновце – Радуша и Желино – Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце, задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Од скопскиот аеродром утрово се реализирани летови кон Рим и кон Загреб. Одложени се летовите за Париз, Бергамо, Истанбул, Базел и за Келн.