Свет Европа Партијата на Меркел победи на изборите во Шлесвиг-Холстајн

Партијата на Меркел победи на изборите во Шлесвиг-Холстајн

Партијата на канцеларката Ангела Меркел вчера победи на изборите во германската најсеверна покраина.

Според прелиминарните резултати објавени утринава, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои 32 отсто од гласовите во мнозински протестантската покраина Шлесвиг-Холстајн, јавија германските медиуми.

Социјалдемократите (СПД), кои во моментот се на власт во покраината со партијата на Зелените и со ССВ, освоија само 27,2 отсто од гласовите.

Кандидатот на ЦДУ во покраината, Даниел Гунтер, во обраќањето до јавноста по објавата на првите резултати рече дека гласачите донеле јасна одлука против актуелната власт, која ја нарече „коалиција на стагнација“.