Забава Париз забрани снимање акциони сцени

Париз забрани снимање акциони сцени

Рестрикции за снимање сцени од акциони филмови воведе Париз.

Причина за ваквата одлука е тоа што актерите би можеле да бидат сфатени како вистински полицајци, а сцените за потрага како вистински настани.

Снимањето сцени на отворено со полиција, војска и со безбедносни служби е забрането по терористичките напади во Париз врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ и во продавницата за кошер на почетокот на јануари.